
СДСМ очекува „народот да покаже сериозно опозициско расположение“ на локалните избори
„Нашата заложба за претстојните локални избори се однесува да понудиме решенија кои ќе направат подобри, поефикасни и пофункционални локални самоуправи и во фокусот ќе ни биде т.н. „зелена агенда“. Би ги направиле општините климатски поотпорни, позелени и енергетски ефикасни“, изјави вечерва потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
Препорачано
Таа во „Вести Плус“ на „Канал 5“ рече дека кампањата за локалните избори сè уште не е почната, но дел од кандидатите за градоначачниците во повеќе општини се познати во јавноста. Според неа, во општините има сериозен пад на квалитетот во комуналните услуги, а во исто време има раст на сметките за тие услуги. Костова смета дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ „ги ветуваат истите проекти пред граѓаните“ и оти тие „и ништо не сработиле“. .
За успех на овие локални избори, вели Костова, ќе се смета „да се искристализираат добрите понуди, да се изберат нови раководства на општините и народот да го казни расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоск“и. Таа очекува СДСМ да освои повеќе гласови на локалните избори и „народот да покаже сериозно опозициско расположение“.
„Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја за справување со економските предизвици и финансиските проблеми кои ги имаат, кои им се појавуваат, рече Костова, која им порача на граѓаните „на денот на изборите да постапат рационално, да покажат опозициско однесување и да им дадат отпор на девијантните и скандалозни тенденции кои ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ“.