СДСМ: Молк од Мицкоски за одлуката од Стразбур

Христијан Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, нема доблест да им се извини на граѓаните, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, за заштита на криминалот и криминалците во нивните редови, уште еднаш, се покажа неуспешен. Со одлуката на судот во Стразбур победи правдата и правната држава. Пропадна незаконската аболиција со која Ѓорге Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност. Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес“, пишува во соопштението.

Од партијата додаваат дека одлуката на Стразбур значи дека нема помилувања, туку продолжување на сите постапки пред независните македонските судови.

„Владеењето на правото и правната држава, неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите“, велат од СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот