Фото: СДСМ

СДСМ: Македонија е економски понижена по едногодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

„По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена“, стои во партиското соопштение на СДСМ по повод едногодишното една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира. Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај. Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата. Тоа е тажната реалност денеска после една година Влада. ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја втурнаа државата во длабока економска нестабилност“, велат од СДСМ.

Од Бихаќка сметаат дека власта упорно сака да уверува дека економијата расте, но фактите говорат поинаку.

„Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат полош и од воената 2001 година. Владата живее во паралелна реалност, убедувајќи дека сме „економски тигар“ и дека куповната моќ е поголема од европската, додека реалноста покажува сосема спротивно Македонија е на дното во Европа и по висина на плати и по животен стандард, како економски глушец. Ова не се политички конструкции, туку податоци од најреномираните европски институции, кои потврдуваат дека Македонија се движи во погрешна насока. Наместо горди работници со европски плати со владата на ВМРО-ДПМНЕ имаме понижени работници со најниски плати во Европа“, се вели во соопштението на социјалдемократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот