Богданка Кузеска / Фото: СДСМ

СДСМ: Јаневска да понесе одговорност затоа што излажа и учениците ги остави без учебници

Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учениците и понатаму немаат учебници. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, септември одминува а власта излажа, учебници нема, реагираат од СДСМ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека илјадници ученици се принудени да учат без учебници, а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени.

-Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат. Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате PDF формат на интернет – вели Кузеска.

СДСМ бара МОН веднаш да обезбеди учебници и да ги достави во најкраток можен рок.

-Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници и без основното право на квалитетно образование. Ова не е прашање на политика, ова е прашање на иднината на нашите деца и на целиот образовен систем – додаде таа.

Јаневска вчера рече дека за училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба.

Јаневска призна дека нема книги за сите, до неа стигнале и поплаки за искинати учебници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот