Фото: СДСМ

СДСМ: И на 1 Мај и на секој друг ден, ние сме со работниците

СДСМ денеска преку соопштение изрази цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите права. Тоа е борба за достоинство и правда, борба која ја поддржуваме безрезервно. Како партија која секогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања како зголемување на минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари, зголемување на просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, воспоставување на систем за усогласување на платите со трошоците на животот. СДСМ беше и остана единствена партија која сите политики за работниците ги носеше со нив и за нив. Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира потребите на работниците. Минималната плата стагнира, просечната плата не расте, а колективните договори не се почитуваат. Вработените во јавниот сектор се дискриминирани, дури и редовните плати не се исплаќаат навремено. Ова е неприфатливо и недостојно“, велат од опозициската партија.

„СДСМ верува во социјалната правда и достоинството на трудот. Тие се постулатите на нашето делување и нашите политики. Ние сме со работниците, не само на 1 Мај, туку секој ден. Ќе продолжиме да се бориме за политики кои обезбедуваат фер плати, сигурни работни места и почитување на работничките права. На овој 1 Мај, СДСМ стои рамо до рамо со работниците. Заедно, ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница“, додаваат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот