Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација/ Фото: Слободен печат / Драган Митрески

СДСМ бара оставка од министерот Андоновски

СДСМ бара оставка од министерот за дигитална трансформацијаСтефан Андоновски, за, како што велат, „скандалот со тендерските мрежи во неговото Министерство“.

Како што велат од опозициската партија, државната комисија за спречување на коруција и Јавното обвинителство треба веднаш да постапат за целосно расчистување на случајот.

„Министерот Стефан Андоновски отворено призна дека два тендери од неговото Министерство завршиле кај сопругот на неговата Државна секретарка, Клинчарова. И наместо да поднесе оставка тој дрско ги брани договорите доделени на сопругот на државната секретарка дека биле “заштеда на пари“!Ова е очаен обид за манипулација, но фактите се јасни: Државната секретарка Клинчарова, како највисок административен функционер, раководи со целата администрација во Министерството и е директно надредена на сите кои работат на тендерските постапки. Секој обид да се минимизира нејзината улога е груба лага и навреда за интелигенцијата на граѓаните!Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција – заштитен знак на ДПМНЕ! Министерот Андоновски не може да се извлече со изговори, бидејќи не станува збор за еден, туку за два договори склучени со истата компанија на сопругот на Клинчарова. Зарем мисли дека граѓаните ќе го премолчат ова?Тендерските мрежи на ДПМНЕ продолжуваат да се шират, но институциите мора итно да реагираат!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот