Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Сценарио или блеф за доброволно или на сила: Трамп им рекол на советници дека ќе одбие да замине од Белата куќа на 20 јануари

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе пркоси на традиција и не сака доброволно да ја напушти Белата куќа на денот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави „Си-Ен-Ен“.

Трамп, според дел од медиумите во САД, им порачал на неколкумина негови советници дека на инаугурацијата на Бајден, на 20 јануари, ќе одбие самоволно да ја напушти Белата куќа и ќе мора со сила да замине.

Некои официјални лица се загрижени за таа изјава, но не веруваат дека Трамп ќе го направи тоа.

– Тој ќе ја напушти Белата куќа. Само што сега е налутен, објасни еден советник.

Претходно, „Аксиос“ јави дека Трамп планира да замине од Белата куќа со хеликоптер на 20 јануари, а потоа да лета за Флорида со „Ер форс еден” и да зборува на голем митинг пред неговите приврзаници, каде што ќе го објави своето учество на претседателските избори во 2024 година, со што ќе ги пропушти сите официјални церемонии во главниот град.

Традиционално во САД на денот по црковната служба, идниот претседател и потпретседател пристигнуваат во Белата куќа, се состануваат со своите претходници и пијат чај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот