Фото: РФМ

Савевски: Романија не е Холандија или Франција, но е фаворит против нас

Македонската женска ракометна репрезентација на Европското првенство запиша два порази од Франција и Холандија.

Најважниот натпревар избраничките на Савевски ги очекува утре кога ќе се сретнеме со Романија. Покрај двата порази се уште имаме шанси да се пласираме во следната фаза, но за такво нешто мораме да ја победиме Романија.

Романија можеби не е селекција во рангот на Холандија и Франција, меѓутоа против нас ќе ја има улогата на фаворит.

„Ние сме селекција составена од млади ракометарки, во некои сегменти бевме добри и се држевме добро, среќен сум за играта против Франција. Со Холандија имавме 28 изгубени топки и така не можете да очекувате повеќе. Романија не е на нивото со Холандија и Франција, сепак против нас ќе бидат големи фаворити. Не смееме да дозволиме брзо да се „одлепат“ бидејќи за млада екипа како нашата е тешко да се врати после рана негатива“, изјави Савевски.

Како и претходните два, натпреварот со Романија го играме во истиот термин од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот