Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Саутемптон испиша негативна историја во Премиер лигата, па остана без тренер

Eкипата на Саутемптон испиша негативна историја и станаа клуб кој најбрзо ги загубил шансите за опстанок во Премиер лигата, а веднаш потоа останаа и без тренер.

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ го напушти клубот откако по вчерашниот пораз Саутемптон по 31. коло и математички ги загуби шансите за опстанок во најелитната англиска конкуренција.

Во својот договор Јуриќ имаше клазула според која можеше да замине ако клубот испаде, па веднаш истата и ја искористи.

Јуриќ на клупата на премиерлигашот помина само 107 дена и со оглед на тоа дека не се прослави во блиска иднина тешко би добил прилика повторно да работи во некој клуб на Островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот