Либискиот претседател Моамер Гадафи и Никола Саркози на средба во Триполи, Либија, 25 јули 2007 година/ Фото: EPA-EFE/SABRI ELMHEDWI

Саркози прогласен за виновен за земање десетици милиони мито од Гадафи

Париски суд го прогласи поранешниот француски претседател Никола Саркози за виновен за криминален заговор во судење во кое беше обвинет за примање милиони евра нелегално финансирање од либискиот диктатор Моамер Гадафи за неговата успешна изборна кампања во 2007 година, објави Би-би-си.

Сепак, Саркози беше ослободен од сите други обвиненија, вклучувајќи пасивна корупција и нелегално финансирање на кампања во вредност од десетици милиони.

Саркози, кој отсекогаш ги негираше обвиненијата, е обвинет дека склучил договор со Гадафи во 2005 година, кога тој беше министер за внатрешни работи на Франција, за добивање средства за неговата изборна кампања во замена за поддршка на тогаш изолираната либиска влада на меѓународната сцена.

70-годишникот е на судење од јануари по обвинение за „прикривање проневера на јавни средства, пасивна корупција, нелегално финансирање на изборна кампања и криминален заговор за извршување кривично дело“.

Ова е најголемото судење за корупција со кое се соочил Саркози, откако веќе беше осуден во два одделни случаи: едниот за корупција и злоупотреба на влијание за нелегално добивање поволен третман од судија, а другиот за прикривање на нелегално прекумерно трошење на претседателските избори во 2012 година, на кои беше поразен од кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд.

Саркози поднел жалба на двете пресуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот