Сара Павловска
Сара Павловска со рецепт за плескавици од тиквички / Фото: Приватна архива

Сара Павловска со вкусна закуска: Крцкави плескавици од тиквички

Сара Павловска е млада девојка која по професија е сметководител, а во слободното време сака да ја изразува својата креативност со експериментирање во кујната.

Вкусните рецепти на Сара можете да ги прочитате на нејзиниот инстаграм-профил @spavlovskaaa кој, патем, е вистинско визуелно уживање.

Овојпат, Сара ни споделува идеја за вкусен оброк, кој оди во совршена комбинација со свежа салата.

Потребни состојки:

– 1 тиквичка
– 80 грама овес
– 2 јајца
– Сол, бибер и лук во прав

Подготовка:

Изрендајте ја тиквичката и посолете ја. Оставете ја да отстои некои 15 минути, а потоа убаво процедете ја изредандата тиквичка, истиснувајќи ја сета течност која ќе ја испушти. Додадете ги преостанатите состојки, измешајте ги и обликувајте смеси за плескавици.

Ставете ги плескавиците на загреана рерна во нелеплива тава. Гответе ги додека не бидат добро подготвени или додека не ја добиете саканата боја.

На здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara’s foodgram ? (@spavlovskaaa)

Сара Павловска со идеја за здрав десерт: Какао бомбици со урми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!