
Сара Павловска со идеја за здрав десерт: Какао бомбици со урми
Сара Павловска е млада девојка која по професија е сметководител, а во слободното време сака да ја изразува својата креативност со експериментирање во кујната.
Препорачано
Вкусните рецепти на Сара можете да ги прочитате на нејзиниот инстаграм-профил кој, патем, е вистинско визуелно уживање.
Овојпат, Сара ни споделува идеја за десерт кој е совршено здраво и слатко задоволство.
„Најдобриот дел е што тие се толку лесни за правење и буквално можете да ги направите за помалку од 10 минути. Плус, сè што ви треба се неколку едноставни состојки и блендер со голема брзина“, вели Сара.
Потребни состојки:
– Шака сурови лешници и бадеми
– Половина чаша овес
– Две лажици какао
– Една лажица мед
– Чоколадо за готвење
– Половина лажичка екстракт од ванила
– Околу 15 урми
Подготовка:
Започнете со блендирање на јатките и овесот сѐ додека не се формира ситно брашно.
Потоа, додадете ги останатите состојки, заедно со две лажици растително млеко во блендерот. Мешајте додека сѐ не се измеша добро и не се формира тесто како текстура. Додадете повеќе растително млеко доколку е потребно, по една лажица. Извадете една лажица од смесата и расукајте го во топчиња.
Оставете ги топчињата во замрзнувач најмалку половина час.
На здравје!
View this post on Instagram