фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Сантош ја водеше Полска во само шест натпревари и доби отказ

Португалскиот фудбалски тренер Фернандо Сантош (68) повеќе не е селектор на репрезентацијата на Полска, објави полската фудбалска федерација.

Прекинот на соработката дојде по последните лоши резултати на полската репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

По пет одиграни кола, Полска е на четвртото место во групата „Е“ со шест бода, четири помалку од водечката Албанија. Чешка и Молдавија се пред Полска со по осум бода.

– Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Сантош за неговата работа со нашата репрезентација и да му посакам многу среќа во следните спортски предизвици“, изјави Сезари Кулеша, претседател на полскиот фудбалски сојуз.

Сантош ја презеде Полска во јануари годинава и во шест натпревари оствари три победи и три порази. Во текот на својата кариера ги водеше Португалија, Грција, ПАОК, Бенфика, АЕК, Спортинг, Панатинаикос. Со Португалците ја освои европската титула во 2016 година и Лигата на нации во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!