Сана Марин
Сана Марин / EPA-EFE/HENRIK MONTGOMERY

Сана Марин се разведува

Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Маркус Раиконен, со кого долго беа заедно, а бракот им издржа три години.

Двајцата денеска веста ја соопштија преку социјалните мрежи, пренесе „Гардијан“.

– Благодарни сме за поминатите 19 години заедно и за нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели – напишаа Марин и Раиконен во одвоени објави на Инстаграм.

Премиерката во заминување и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг имаат петгодишна ќерка, а се венчаа во 2020 година, додека Марин беше на функцијата.

– Заедно ја живеевме младоста, заедно влеговме во зрелоста и станавме родители на нашата мила ќерка – напиша Марин на Инстаграм по нејзината венчавка со Раиконен во август 2020 година.

Политичарката и нејзината Социјалдемократска партија загубија на минатомесечните избори. Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, кога имаше 33 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот