Самостојна изложба: „Треперење“ во „Галерија Рудиќ“

Најновата изложба на фотографии со наслов „Треперење“ на фотографот Боро Рудиќ од 18 ноември е поставена во неговата „Галерија Рудиќ“. Изложбата содржи 22 фотографии во голем формат, создадени во период од 2018 до 2020 година. Со претставените дела авторот се обидува да најде одговор на прашањето што се случува кога ќе се излезе од комфор-зоната на нашата визуелна перцепција.

Покрај фотографиите, на изложбата е презентирано и фотографско портфолио на авторот со ограничено издание од 12 примероци. Секој примерок содржи 16 оригинални фотографии испечатени на сребро халид хартија, нумерирани и потпишани од авторот и сертификат. Станува збор за прво портфолио од овој тип направено во Македонија. Поради ситуацијата со ковид-19, изложбата немаше класично отворање, а наместо тоа ќе може да се посети до 27 ноември, во периодот од 18 до 21 часот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот