Салман Ружди / Фото ЕПА

Салман Ружди ќе објави меомари за нападот во кој го загуби видот во едното око

Познатиот британски писател Салман Ружди ќе објави нови мемоари во кои ќе се документира како преживеал обид за атентат минатата година, кој го остави слеп на едното око. 76-годишниот британски автор со индиско потекло беше избоден повеќе пати на сцената на литературен фестивал во Њујорк во август 2022 година.

Ружди, кој потоа претрпе сериозни повреди кои го променија неговиот живот, на 16 април следната година ќе објави книга со наслов Нож: Медитации по обид за убиство од Пингвин Рендом Хаус. Тој е опишан како „моќна, длабоко лична и крајно возбудувачка медитација за животот, загубата, љубовта, моќта на уметноста, наоѓање сила да продолжи – и повторно да се исправи“.

Добитникот на Букеровата награда рече: „Ова е книгата што морав да ја напишам: начин да се преземе одговорноста за она што се случи и да се одговори на насилството преку уметноста“. При нападот Ружди се здобил со рани на вратот, лицето, раката и стомакот, поради што го изгубил видот на едното око, а раката му останала неподвижна.

Во своето прво интервју по нападот во февруари, тој рече дека „не е толку лош“ со оглед на сериозноста на инцидентот. Зборувајќи за претстојните мемоари на Ружди, извршниот директор на Пингвин Рандом Хаус, Нихар Малавија, додаде: „Нож е жестока книга и потсетување на моќта на зборовите да го разберат незамисливото“.

„Почестени сме што ја објавивме книгата и сме воодушевени од решеноста на Салман да ја раскаже својата приказна и да се врати на работата што ја сака. Нападот не беше првпат животот на Ружди да биде загрозен бидејќи во 1989 година, поранешниот ирански владетел, ајатолахот Хомеини, издаде фатва во која повика на негова смрт по објавувањето на неговиот роман „Сатански стихови“, што некои муслимани го сметаат за богохулно.

Ружди ја започнал својата писателска кариера во раните 1970-ти со две неуспешни книги пред „Полноќни деца“ за создавањето на Индија, која ја добила Букеровата награда во 1981 година. Авторот со години живеел криејќи се во Лондона.

Последната книга на Ружди, романот Градот на победата, беше објавена претходно оваа година и беше напишана пред нападот. Нож ќе биде првата книга што ја напишал по настаните од минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот