Беким Сали / фото: Фејсбук

Сали ги покани Даниловски, Пановски и Марковски да бидат членови на Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Беким Сали упати јавна покана до докторите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести

По преземањето на функцијата од Венко Филипче, Сали најави дека ќе го прошири составот на ова советодавно тело, а во попладневното обраќање преку социјалните мрежи вели дека непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување врз основа на стручни и реалистични проценки.

„Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин“, повика Сали.

Доколку не можат да бидат дел од Комисијата, Сали им предлага да станат дел од неговиот тим на советници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!