природен микс за перење
Фото: Профимедиа

Сакате да заштедите на сметките за струја? Еве кога е најисплатливо да ја вклучите машината за перење алишта

Машините за перење трошат многу вода и можат да бидат скапи за користење, па постои одредено време кога треба да избегнувате да ги вклучувате.

Заштедата на пари на сметките за струја станува сè поважна тема во денешниот свет. Со оглед на растечките цени на енергијата, многу домаќинства настојуваат да ги намалат своите трошоци. Лиз Хантер, комерцијална директорка на онлајн платформата за споредба на цени „Мани експерт“, откри како да заштедите пари на сметките за енергија, пишува „Експрес“.

„Со текот на годините, машините за перење станаа поенергетски ефикасни. И покрај тоа, тие се сè уште едни од најкористените домашни апарати“, вели Хантер. Машините за перење трошат многу вода и можат да бидат скапи за користење, па за да ги намалите трошоците, постои одредено време кога треба да избегнувате перење.

„Побарувачката за електрична енергија е најголема помеѓу 7 и 9 часот наутро, кога повеќето луѓе стануваат, како и по завршувањето на училишниот или работниот ден, помеѓу 15 и 18 часот“, објаснува Хантер.

Наместо тоа, таа препорачува машината за перење да се користи пред 7 часот наутро или доцна навечер. Дополнителен совет е да се осигурате дека машината е целосно полна пред да ја вклучите.

„Ако сепак морате да перете помалку алишта, обидете се да ја користите најкратката програма за перење, што значи помалку потрошена вода, помалку енергија, пократок циклус на центрифугирање и пониска температура“, советува експертката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот