Пластични кеси/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

САД: Забраната за пластични кеси во супермаркетите ја зголеми продажбата на кеси

Една нова студија, чии наоди беа објавени во Журнал оф Маркетинг Рисрч, покажа дека политиките за намалување на употребата на пластични кеси за еднократна употреба во продавниците за храна и другите малопродажни места во Остин и Далас, САД, доведоа до зголемување на купувањето пластични кеси и дека однесувањето продолжило и по укинувањето на правилата, пренесува Сајанс Дејли.

Коавторот на студијата и професор по маркетинг на Универзитетот Риверсајд во Калифорнија, Хаи Чеи и неговите колеги открија зголемување на продажбата на пластични кеси откако градовите им забранија на продавниците бесплатно да делат пластични кеси за намирници.

Количината на купените пластични кеси беше мерена со анализа на податоците од скенирањето на баркодови на сметките од потрошувачите.

– Имавме надежи за позитивни ефекти, како што се зголемена еколошка свест кај клиентите и намалување на употребата на производи од пластика или хартија за еднократна употреба. Сепак, податоците го покажаа спротивното – луѓето купуваа повеќе пластика – рече Че, додавајќи дека купувачите претходно ги користеле бесплатните кеси од продавниците како кеси за ѓубре во домаќинството.

Истражувањата покажаа дека колку подолго постои политика, толку подолго траат нејзините ефекти откако ќе биде укината, објави Каматица. Според Че, правилата за торби веројатно го промениле однесувањето на потрошувачите на позитивни начини, како што е навиката за користење платнени кеси за повеќекратна употреба за секојдневно купување, иако истражувачите немале податоци за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот