Дарја Дугина/ Фото Grigory Sysoev / Sputnik / Profimedia

САД верува дека Украина е одговорна за убиството на Дарја Дугина

Американските разузнавачки агенции веруваат дека дел од украинската влада го одобрила убиството на Дарја Дугина, ќерка на истакнат руски националист, со активирање експлозив во нејзиниот автомобил во близина на Москва, објави „Њујорк тајмс”, повикувајќи се на неименувани официјални лица.

САД не учествувале во атентатот на Дугина и не биле запознаени со планот, објави „Њујорк тајмс”. Американските власти ги критикуваа украинските власти за атентатот, тврди весникот.

Украина негираше вмешаност во убиството, додека руската ФСБ ги обвини украинските служби за атентатот.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак за „Њујорк Тајмс” повтори дека Киев не е одговорен за атентатот.

Дарја Дугина беше ќерка на идеологот од Кремљ, Александар Дугин. Руските медиуми пишуваа дека таа ги поддржува идеите на нејзиниот татко и се појави во медиумите каде позитивно зборуваше за руската инвазија на Украина.

Дугина беше убиена во август во напад со автомобил-бомба во близина на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот