Фото: Косово онлајн

САД: Косовската полиција и градоначалниците да ги напуштат општинските згради на северот

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД имаат две барања до Владата на Косово – да не инсистира градоначалниците да работаат од општинските згради и полицајците да се повлечат од трите општински згради на северот од Косово.

„Не разбираме зошто алтернативните локации или други јавни згради не можат да се користат за извршување на нивните функции“, рече Ховениер.

Американскиот амбасадор го наведе примерот со градоначалниците на северот кои даваа заклетва на алтернативни локации.

„Сметаме дека присуството на косовската полиција во зградите во кои насилно влезе е многу предизвикувачко, затоа побаравме од владата да ја повлече полицијата од овие три општински згради“, рече американскиот дипломат.

Според амбасадорот, преземањето на овие чекори ќе помогне да се намалат тензиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот