Роберт Ф. Кенеди
Роберт Ф. Кенеди/Викимедија

САД објавија околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година,  согласно наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Директорот на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе ја расветли долгоочекуваната светлина на вистината“.

„Речиси 60 години по трагичното убиство на сенаторот Роберт Ф. Кенеди, американскиот народ  првпат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп“, напиша Габард.

Администрацијата за национална архива и евиденција на САД објавила околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со убиствата на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот