Палестина , палестинско знаме / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

САД ја повикаа Јапонија да не ја признава Палестина како држава

Соединетите Американски Држави ја повикаа Јапонија да не ја признава Палестина како независна држава за време на претстојната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на крајот на септември, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на дипломатски извори.

Чекорите кон признавање на палестинската државност што ги објавија Франција и Велика Британија имаат за цел да извршат притисок врз Израел да ја прекине повеќемесечната опсада на Појасот Газа, според јапонската агенција.

Во овој контекст, Франција и Саудиска Арабија планираат да бидат копретседатели на голема меѓународна конференција во Њујорк на 22 септември, која треба да поттикне конкретен напредок кон решение за две држави – Израел и Палестина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот