САД и Јужна Кореја почнаа голема заедничка вежба на воздухопловните сили

САД и Јужна Кореја почнаа една од нивните најголеми заеднички воздушни вежби, во која учествуваат стотици воени авиони од двете држави. Тие ќе вежбаат симулирани напади 24 часа на ден во поголемиот дел од неделата.

Операцијата ќе трае до петок и ќе вклучи околу 240 авиони кои ќе извршат приближно 1.600 летања, соопштија американското воено воздухопловство. Бројот на мисии е најголем во историјата на годишниот настан.

Северна Кореја ја осуди вежбата како проба за инвазија и доказ за непријателската политика на Вашингтон и Сеул. Во знак на протест, Сеул изврши лансирање проектили, вежби за воздушни напади.

Сојузниците велат дека вежбата е потребна како контрамерка против потенцијалните закани од Северна Кореја, која лансираше рекорден број проектили оваа година и се подготвува да ги продолжи своите нуклеарни тестови за првпат од 2017 година.

Во петокот, јужнокорејските сили ја завршија 12-дневната теренска вежба „Хогук 22″, делумно со американски единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот