САД добија зелено светло: Продолжуваат со употребата на вакцината Џонсон&Џонсон

Врвните здравствени регулатори во САД по десетдневна пауза повторно дозволија веднаш да се продолжи со употребата на вакцината Џонсон&Џонсон, пренесуваат тамошните медиуми. 

Американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Агенцијата за храна и лекови во заедничката изјава велат дека здравствените системи и примателите на вакцини ќе бидат предупредени за ризикот од потенцијално фатален синдром, кој вклучува сериозни тромбови и ниски тромбоцити.

Агенциите ја донесоа одлуката по состанокот на надворешни советници на ЦДЦ, кои препорачаа да се прекине вакцинацијата со вакцината на Џонсон&Џонсон. Одлуката следеше по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

– Повеќе не препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина – рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на брифинг за новинарите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот