
Сабрина Карпентер возврати на критиките за омотот на новиот албум: „Треба повеќе да се дружите“
Пејачката Сабрина Карпентер возврати на бурните реакци во врска со омотот на новиот албум „Man’s Best Friend“, порачувајќи им на критичарите дека „треба повеќе да се дружат“.
Препорачано
Албумот беше објавен во петокот, а пејачката сега проговори за контроверзниот омот што предизвика бран негативни коментари во јуни. Контроверзната фотографија ја прикажува Карпентер на сите четири нозе додека маж ја влече за коса, а таа објаснува што претставува сликата: „да се биде дел од контролата, да се биде дел од сопствениот недостаток на контрола и да се избере кога сакаш да имаш контрола“, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Замолчувајќи ги критичарите, таа вели: „Мислам дека треба повеќе да се дружите. Всушност, бев шокирана бидејќи меѓу мене, моите пријатели, моето семејство и луѓето со кои секогаш прво ја споделувам мојата музика и уметност, немаше таков впечаток…“
Меѓу критичарите се најде и хуманитарната организација „Glasgow Women’s Aid“, која ја повика Карпентер да „се поправи“ откако беше објавен омотот. Добротворната организација објави соопштение за ова уште во јуни.
„Новиот омот на албумот на Сабрина Карпентер не е провокативен, туку регресивен. Покажувањето себеси на сите четири нозе, со маж што ја влече за коса, и нарекување на тоа ‘Најдобар пријател на човекот’ не е субверзивно“, велат од организацијата.
„Тоа е враќање кон истрошени тропи што ги сведуваат жените на домашни миленици, реквизити и предмети, и промовираат елемент на насилство и контрола. Премногу се боревме за ова.“
Тие објаснија дека омотот е толку контроверзен затоа што претставува „истрошени стереотипи за жените“.
„Сабрина се грижи за машкиот поглед и промовира мизогинистички стереотипи, што е иронично со оглед на тоа што поголемиот дел од нејзините обожаватели се млади жени“, додаде организацијата.
Иако Карпентер можеби не гледа ништо лошо во нејзината уметничка визија, отфрлањето на загриженоста изразена од групите за права на жените не им изгледа правилно на многумина.