
Сабота прв работен ден на скопската Зоолошка по затворањето
По затворањето на скопската Зоолошка поради присуство на птичји грип, оттаму најавија дека од сабота, 9 ноември повторно ќе биде отворена за посетители.
Препорачано
-Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-17:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме – соопштија од Зоолошката.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатиот месец, преку соопштение информираше дека во Зоолошката градина во Скопје било утврдено присуство на птичји грип кај пцовисана птица. Како што додадоа оттаму, бил спроведен надзор во Зоолошката и било извршено хумано убивање на неколку видови птици.
Оттаму посочија и дека иако Зоолошката детектиралa пцовисано животно на 14.10.2024 година, не постапила по законски процедури, односно не пријавила сомнеж на заразна болест до надлежниот официјален ветеринар. Со ова, од АХВ сметаат дека раководството на Зоолошката градина ги прекршило законските обврски и самостојно доставило примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој бил примен на обработка на 15.10.2024 година.
Претходно, од скопската Зоолошка градина обвинија дека надлежните без каков било доказ убиле десетици птици и обвинија за упад во зоолошката со кој, како што велат, „повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски“.
Двајцата вработени од скопската Зоолошка градина не се болни од птичји грип, соопшти ИЈЗ