Николај Сабев / фото: Влада на Бугарија

Сабев: Летовите Софија-Скопје ќе продолжат, но со друга авиокомпанија

Министерот за транспорт на Бугарија, Николај Сабев, во изјава за МИА околу иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летовите од Софија кон Скопје и обратно ќе продолжат, но во тек е промена на компанијата која ја одржуваше линијата.

Медиумите вчера, повикувајќи се на Дел од порталот за авиобизнис „ЕксЈу авијација”, објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје.

Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана.

„Во моментов, операторот на летот е пред промена“, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот