Марк руте Нато EPA/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Руте: Путин не успеа да го подели Западот, заедно ги зголемуваме инвестициите во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал во своите намери да го подели Западот, посочувајќи дека сите членки на Алијансата се обврзале да ги зголемат инвестициите во одбраната за пет проценти од БДП, и дека Шведска и Финска неодамна се приклучија на НАТО.

Тој, сепак, предупреди дека Западот не треба да биде „наивен“ кога станува збор за Русија, осврнувајќи се на проценките на европските воени лидери дека Москва би можела да го нападне НАТО за три, пет или седум години, објавува „Гардијан“.

„Знаеме дека постои закана од Русија, краткорочна, долгорочна, што и да е, но заканата од Русија е таму и мора да се осигураме дека можеме да се одбраниме и затоа го правиме ова“, рече Руте.

Зборувајќи за Украина, Руте укажа на потребата да се обезбеди сè што е потребно за таа земја да се „одбрани“ од Путин, додека работи на мировен договор.

„Очигледно, сите работиме на постигнување мировен договор или долгорочен прекин на огнот, а потоа мора да се осигураме дека Украина има сè што ѝ е потребно за да го спречи Владимир Владимирович Путин некогаш, никогаш повторно да се обиде да го стори ова во иднина“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот