Марк Руте, генерален секретар на НАТО/Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е „незамисливо“ Русија да го надмине западниот воен сојуз во областа на военото производство, пренесува ДПА и потсетува дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок во средствата за одбрана.

„Мораме да направиме повеќе. Едноставно е незамисливо Русија, чија економија е 25 пати помала од онаа на НАТО, да нè престигне во производство и вооружување“, рече шефот на НАТО во пресрет на важниот самит во Хаг.

Треба да трошиме повеќе за да спречиме војна. Треба да ја добиеме оваа нова војна во производството, нагласи Руте.

Според него, постои целосна посветеност од американскиот претседател Доналд Трамп и високото американско раководство во НАТО, рече Руте на јавен форум пред формалното отворање на самитот, додавајќи, сепак, дека таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбрана.

Лидерите на 32-те членки на НАТО се собираат денеска и утре на самит во Хаг, каде што се очекува да потврдат зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Членките на Алијансата неодамна се согласија за нови цели поврзани со зајакнување на одбранбените капацитети, односно најголемото вооружување од Студената војна, со цел да се издржи евентуален напад од Русија. Русија, која е во војна со Украина повеќе од три години, значително го зголеми военото производство, што ги зголемува стравувањата дека за неколку години може да одлучи да нападне територија на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот