Алексеј Навални Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Руските обвинители сепак ќе покренат истрагата за смртта на Навални

Протераниот соработник на Алексеј Навални, Иван Жданов објави официјално писмо од обвинителите на автономниот округ Јамал-Сконенечки, во кое се наведува дека тие ја поништиле одлуката на истражителите од август, со која било спречено покренувањето истрагата за смртта на рускиот опозиционер.

Во писмото се наведува дека случајот е препратен до Истражниот комитет.

Во август, Јулија Навални рече дека руските власти одбиле да отворат истрага за смртта на нејзиниот сопруг, пренесува Радио Слободна Европа.

Навални, отворен критичар на Кремљ, почина во февруари во затвор на Арктикот додека отслужуваше 19-годишна затворска казна под обвиненија за екстремизам, кои ги отфрли тврдејќи дека се политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот