/ Фото: Maxar

Рускиот воен конвој е на 20 километри од украинскиот главен град

Директните напади во комбинација со уништувањето на мостот го забавија напредувањето на огромен руски воен конвој, лоциран на околу 24 километри северно од Киев, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана.

„Украина, во меѓувреме, задржа „значително мнозинство“ од своите воздухопловни сили, а Русија се чини дека не успева да воспостави воздушна доминација. Конвојот долг 64 километри не постигна значителен напредок од викендот“, рече официјалниот претставник.

„Веруваме дека украинското кревање на мостот во воздух имаше значително влијание врз запирањето или забавувањето на движењето на тој конвој. Ние исто така веруваме дека Украинците директно го погодија конвојот“, рече тој.

„Украинците сè уште имаат авиони, хеликоптери и беспилотни летала“

Претходно оваа недела, официјалниот претставник рече дека логистичките проблеми и проблемите со снабдувањето значително придонеле за забавување на конвојот. Но, Американците веруваат дека силите што го сочинуваат конвојот се прегрупираат и учат од своите грешки и ќе продолжат да се обидуваат да го нападнат главниот град на Украина.

Што се однесува до борбата за превласт во воздухот, функционерот рече дека Украинците се уште имаат на располагање борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала, иако претрпеле одредени загуби.

Големиот конвој кој се движи кон Киев, долг над 64 килиометри со денови е една од главните теми во светот но и на шпекулации. Досега неколкупати беше објавувано дека е уништен откако го нападнале Украинците, но потоа следниот ден повторно се појавуваше.

ВО ЖИВО | Нови немири во Украина, нападната најголемата нуклеарна централа, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот