Бисер Џамбазо, Катрин Иванова и Орлин Русев / Фото: принтскрин (Metropolitan Police, Duncan Gardham)

Руски шпиони присуствувале на настан за брегзит во британскиот парламент

Тројцата бугарски државјани, Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова биле присутни на расправата за брегзит во една од просториите на парламентарниот одбор во мај 2016 година.

Тројца бугарски државјани кои беа прогласени за виновни за шпионажа во корист на Русија, во март присуствувале на настан одржан во Вестминстерската палата, откри истрага на Би-Би-Си. Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова биле присутни на расправата за брегзит во една од просториите на парламентарниот одбор во мај 2016 година.

Фотографиите објавени на социјалните медиуми, пронајдени од Би-Би-Си, ги прикажуваат шпионите во друштво на претставници на европски политички партии. Портпаролот на парламентот рече дека парламентот е јавна зграда, но безбедносните протоколи се „робусни“.

Две лица кои го познавале Орлин Русев во тоа време потврдија дека тој е човекот на фотографиите од настанот во Долниот дом. Би-Би-Си визуелно ги прегледа фотографиите за да го потврди присуството на Џамбазов. Иванова е исто така видлива на фотографиите и е на списокот на луѓе кои го најавиле своето пристигнување.

Користењето на просториите за настанот беше спонзорирано од поранешната пратеничка од Вест Хем, Лин Браун, сега бароница Браун од Силвертаун. Премиерот Кир Стармер ја номинираше за доживотна благородничка титула. Бароницата за Би-Би-Си изјави дека „апсолутно не се сеќава“ на настанот и дека не верува дека „некогаш се сретнала или разговарала со тројцата“.

Нема индикации дека организаторите на настанот или другите учесници направиле нешто погрешно. Катрин Иванова беше прогласена за виновна заедно со Тихомир Иванчев и Вања Габерова за кривични дела извршени помеѓу август 2020 и февруари 2023 година, по четиримесечно судење во лондонскиот Олд Бејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот