Павел Избрехт / Фото: 74.ru

Руски политичар трагично загина, проверувал дали пиштолот е полн и му пукнал во рацете

46-годишниот Павел Избрехт, извршен директор на фабрика за цинк и претставник во регионалното законодавно собрание на регионот Чељабинск, загина денеска недалеку од стрелиште во градот Чељабинск.

Прелиминарно, причина за смртта е невнимателно ракување со оружјето. Избрехт дошол на стрелиште за да испроба нов пиштол, пишува Ura.ru.

Локалниот портал „74.ru“ наведува дека Избрехт требало да замине, но решил да провери дали пиштолот е празен. Тогаш одекнал истрелот што го убил. Каналот на „Телеграм“, „База“ ја објави истата верзија на приказната. Луѓето кои го познавале Избрехт тврдат дека тој бил страстен ловџија и сакал екстремни спортови.

Вработените во истражниот комитет на Чељабинск, истражители и форензичари, пристигнаа на местото на настанот. Заменик-шефот на Истражниот комитет на Руската Федерација за регионот, Алексеј Шавкунов, е одговорен за координација на истрагата. Регионалната влада изрази сочувство за смртта на Избрехт.

„Павел Александрович Избрехт беше еден од најпочитуваните претставници на индустриската заедница, вистински патриот на Русија и на Урал. Неговата ненадејна смрт е голема загуба за регионот Чељабинск и за целата земја. Светлиот спомен на овој прекрасен човек и талентиран лидер засекогаш ќе остане во срцата на неговото семејство, другарите и пријателите, сите што го знаеја и го ценеа“, се вели во соопштението за печатот.

Од 2014 година Избрехт е извршен директор на фабриката за цинк во Чељабинск. Во 2021 година, тој беше избран за претставник во регионалниот парламент. Тој немал намера да се кандидира на претстојните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!