Руски бомбардери Ту-95 на парадата по повод Денот на победата во 2020 година / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руски бомбардер се урна во Сибир, еден од пилотите загина

Руски стратегиски бомбардер Ту-22М3 се урна денеска во областа Иркутск, во Сибир, јавија британските медиуми, повикувајќи се на руските агенции, објавија светските медиуми.

Според првичните информации од теренот, причина за падот е техничка неисправност, пренесоа руските медиуми.

Еден од пилотите загинал, соопшти руското Министерство за одбрана.

“На 2 април 2025 година, за време на планиран тренажен лет, авион Ту-22М3 се урна во регионот Иркутск. Четиричлениот екипаж се катапултираше. Според извештајот на командантот на екипажот, еден од пилотите загинал при слетувањето”, се наведува во соопштението на руското министерство.

Министерството за одбрана на Русија прецизира дека бомбардерот паднал во напуштена област, без да предизвика уништување на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот