Фото: Принтскрин

Руски авиони ја нападнале Украина од Белорусија

Руски воени авиони влегле во воздушниот простор на Белорусија од правец на Русија и истрелале најмалку пет проектили на територијата на Украина, јави украинската агенција Укринформ.

Агенцијата наведува дека тоа го регистрирала група за набљудување на војната Белоруски Хаџун (Belarusian Hajun).

Се наведува дека руски авиони, вклучително и бомбардери Ту-22М, дошле од Русија, од областа Могилев и летале кон регионот Гомел.

Во Лунинец, Столин и други места се слушнале пет експлозии или звуци на ракетирање, по што авионите се вратиле во Русија, наведува украинската агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот