Фото: МИА

Руската вакцина за коронавирусот ја помина првата фаза, ќе се комплетира во јуни

Вакцината против коронавирусот, која ја разви руската Федерална агенција за биомедицина, ја помина првата фаза од развојот и се очекува да биде комплетирана во јуни, потврди директорката на агенцијата Вероника Скворцова.

Според неа, вакцината би требало да биде подготвена за употреба за 11 месеци.

– Развојот на вакцината ја помина првата фаза. Тоа е рекомбинантна вакцина која не е развиена врз основа на жив вирус, туку врз основа на протеини кои ги поседуваат таканаречените епитопи, односно центри за кои се врзува вирусот, изјави Скворцова.

Претходно, француското Министерство за здравство објави дека во најмалку седум европски држави почнало клиничко испитување во чии рамки четири експериментални лекови на Ковид-19 ќе бидат тестирани кај 3.200 пациенти.

Тестирање врши и Кина, која потврди дека во рамките на првото клиничко испитување вакцина примиле 108 доброволци. ј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!