Фото: Принтскрин / Јутјуб

Руската блогерка со најголемите усни во светот пронајдена мртва во канализација

Кристина Реј, која влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственичка на најголемите усни, е пронајдена мртва во Сочи. На 9 октомври на социјалните мрежи на спасувачката екипа „Лиза алерт“ беше објавена потрагата по Кристина Реј (Кожевникова), која исчезна кон крајот на септември, пренесуваат руските медиуми.

„Во Сочи е пронајдено тело на жена. Во овој момент телото е испратено на вештачење за да се утврди идентитетот и причината за смртта“, изјавиле официјалните лица „РИА Новости“.

Како што изјавија за „РИА Новости“ во прес-службата на јужниот регионален спасувачки тим „вчера попладне во Сочи спасувачите евакуирале тело на жена од канализацијата и им го предале на официјалните лица во правосудните органи“.

Анализите покажале дека таа е претходно исчезнатата Кристина Реј, а истражителите ги утврдуваат околностите на инцидентот.

Инаку, во 2011 година британските медиуми пишуваа дека 22-годишната Кристина Реј од Санкт Петербург, која потрошила четири илјади фунти на сто козметички инјекции, влегла во Гинисовата книга на рекорди како сопственичка на најголемите усни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот