Министерот Бујар Османи на прес во МНР/Фото: МИА

Руската амбасада ни упати класична закана, смета Османи

Објавата на руската амбасада за евидентирање случаи на русофобија е непристојна и е класична закана, објавена во сите земји во Европа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

„Објавата ја интерпретираме како закана што е надвор од нормалната дипломатска комуникација меѓу две држави“, рече Османи.

На прашањето како ќе реагира државата на ваквата закана, тој кажа дека денеска на координативен состанок ќе се заземе став околу оваа објава, а во однос на евентуалното протерување на рускиот амбасадор од земјава, рече дека „Северна Македонија ги координира своите чекори со ЕУ и НАТО“ и ќе се разгледува прашањето дали тоновите од руската амбасада се прекршување на Виенската конвенција.

„Ако имаме податоци за нарушување на Виенската конвенција ќе постапиме билатерално, но сите одлуки се во координација со ЕУ“, додаде Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот