
ВИДЕО | Руска инфлуенсерка го повреди ‘рбетот правејќи вирален предизвик на Тикток инспириран од Ники Минаж
Руската инфлуенсерка Маријана Баруткина (32) си го повреди ‘рбетот додека го правеше виралниот „стилето предизвик“ (stiletto challenge) на Тикток инспириран од пејачката Ники Минаж.
Препорачано
Имено, во последниов период, низ интернет се прошири тренд во кој корисниците стојат на една нога во високи потпетици на некој предмет и се обидуваат да ја одржат рамнотежата додека во позадина свири песна од Ники Минаж.
На овој предизвик се придружи и Маријана. Иако успеа да ја одржи рамнотежата кратко време, ситуацијата се промени кога падна на подот и се здоби со фрактура на ‘рбетот.
„Решив да почнам да блогирам и да ја снимам мојата прва содржина, еве ме кај доктор со дијагноза компресивна фрактура на телото. Иронија? Карма? Или едноставно живот, кој секогаш ги тестира нашите сили во најнеочекуваниот момент“, напиша таа во описот на видеото во кое може да се види како паѓа од кујнскиот остров на грб.
Маријана вели дека падот ја направил позната.
„Поради едно видео, кое беше неуспешно снимено, се разбудив како популарна личност. Денес повеќе од 50 луѓе ми го испратија моето видео од различни публикации. Луѓе, ви благодарам за популарноста, за вашите загрижености и за вашите коментари. Одлично ми оди, ги следам препораките и сега живеам во статус на ‘ѕвезда’“, напиша таа на Инстаграм.
Таа ги увери своите следбеници дека е сосема добро и откри дека за нејзиното дете, кое го родила пред само неколку дена, се грижат дадилки.
„За сите што се грижат за моето дете, смирете се, има две дадилки и додека снимав, едната од нив беше со него“, додаде таа.
View this post on Instagram