Русите тврдат дека нивните војници ја презеле контролата врз село во близина на Авдеевка

Авдеевка, Украина / Фото EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските војници ја презеле контролата врз селото Ласточкине, во правец Авдеевка, во западниот дел на краина.

„Единиците на групата сили Центар го ослободија селото Ласточкине и продолжија да ја подобруваат ситуацијата долж линијата на фронтот“, се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.

Украинската војска претходно денеска потврди дека ги повлекла своите сили од селото Ласточкине, наведувајќи дека овој потег ќе помогне да се запре напредувањето на руската армија кон запад.

-Украинските вооружени сили се повлекоа од селото Ласточкине, со цел да организираат одбрана и да го спречат непријателот да напредува во правец на запад, изјави портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј, пренесоа британските меидуми.

Селото Ласточкине се наоѓа западно од Адвдеевка, градот шрто на 17 февруари премина под контрола на руските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот