
Русите ги нападнаа Луцк и Днипро, ова се првите напади на тие градови
Во последните половина час се забележани експлозии во градовите на спротивните страни на земјата, јавува Би-Би-Си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Украинските ТВ станици известуваат за експлозии во Луцк на северозапад, како и во Днипро, град во внатрешноста покрај реката Днепар и главно упориште во централниот дел на источна Украина.
Ниту еден од овие градови досега не бил директно гранатиран.
Би-би-си Украина јавува дека нападот во Луцк бил насочен кон аеродромот.
Имаше информации и дека рускиот воздушен удар ја погодил фабриката, единствената во која се поправаат одредени мотори на борбени авиони.
Би-Би-Си Украина вели дека Луцк е на листата на клучни стратешки места кои Русија сака да ги заземе.
Градоначалникот на Луцк потврди дека експлозиите се случиле во близина на градскиот аеродром.
„Сите покријте се!“ напиша во објава на Фејсбук и ги повика граѓаните да не објавуваат фотографии, адреси или координати.
Во меѓувреме, украинскиот канал ICTV цитираше извештаи дека фабрика во близина на аеродромот моментално гори.
Во Днипро, украинските медиуми објавија дека имало три експлозии, а се чини дека една ја погодила фабриката за чевли.
Другите две експлозии, според извештаите, се случиле во близина на градинка и станбена зграда.