Руски проектил воена вежба DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Русија вежба лансирање крстосувачки ракети над Баренцовото Море за време на вежбите „Запад“

Руските стратешки бомбардери Ту-160 извршија мисии за борбена обука над Баренцовото Море за време на заедничките воени вежби со Белорусија, во кои вежбаа лансирање крстосувачки ракети, објави денес руското Министерство за одбрана.

Овие вежби, наречени „Запад“, завршуваат по петдневни интензивни воени симулации, за кои руските претставници велат дека се дизајнирани да ја тестираат борбената готовност, објави Интерфакс.

Вежбите предизвикаа загриженост кај соседните земји, особено откако полските и силите на НАТО соборија руски беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор.

Како резултат на тоа, Полска привремено ја затвори својата граница со Белорусија како превентивна мерка.

За време на вежбите, бомбардерите Ту-160, кои се способни да носат нуклеарно оружје, летаа над неутралните води на Баренцовото Море, северно од Скандинавија, околу четири часа.

Мисијата вклучуваше тактика на лансирање крстосувачки ракети кон цели на „лажен непријател“, проследени со ловци МиГ-31.

Руското Министерство за одбрана истакна дека вежбите имале за цел подобрување на борбените способности и обука за стратешки напади.

Белорускиот министер за одбрана Виктор Хренин, кој присуствуваше на вториот дел од вежбите „Запад“ во Русија, изјави дека вежбите ќе се спроведуваат во што е можно пореални борбени услови.

Американски воени претставници присуствуваа на дел од вежбите „Запад“ во Белорусија, што се смета за делумно подобрување на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Белорусија, истакнува агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ги ублажи санкциите кон Белорусија како признание за ослободувањето на 52 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот