Запорожје
Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија тврди дека е гранатирана нуклеарната централа Запорожје, Киев негира

Украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, денеска била гранатирана, јави руската државна новинска агенција Тас.

Се додава дека гранатите биле испукани од Украина и паднале во близина на сув магацин и оти не се откриени радиоактивни емисии.

Ренат Карча, советник во рускиот оператор за нуклеарна енергија Росенергоатом, изјави дека 15 гранати биле испукани врз објектите на централата. Во исто време официјален Киев ги дематираше тврдењата на Русија дека Украинците извршиле напад на нуклеарната постројка во Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот