Полска соборени руски дронови EPA/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

Русија: Полска нема докази дека соборените беспилотни летала се од руско потекло

Полска не презентирала докази дека беспилотните летала што биле соборени над територијата на таа земја се од руско потекло, изјави денес вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш.

„Веруваме дека обвинувањата се неосновани. Не беа презентирани докази дека овие беспилотни летала се од руско потекло“, изјави тој за РИА Новости.

 

Полска соборени руски дронови EPA/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

Рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави дека Полска никогаш не доставила докази дека Русија го нарушила воздушниот простор на земјата.

Кон крајот на 2022 година, гранати паднаа на полска територија во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица, а Варшава првично тврдеше дека оружјето е од руско производство, но потоа претседателот Анджеј Дуда призна дека муницијата најверојатно му припаѓала на Киев, според руската агенција.

Полска соборени руски дронови
EPA/WOJTEK JARGILO POLAND OUT

Полските власти утрово објавија дека собориле неколку руски беспилотни летала кои го нападнале полскиот воздушен простор синоќа, и дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин, додека европските претставници изјавија дека станува збор за намерен руски упад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот