Русија нема да издава работни визи за кинеските државјани

СЗО прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво откако бројот на случаи на заболени од коронавирусот за една недела се зголеми за 10 пати.

Руската влада го суспендира издавањето на работни визи за кинеските државјани, изјави потпретседателката на руската влада, Татјана Голикова.

-Подготвуваме нацрт владина уредба за привремена забрена на издавање на работните визи за граѓаните на Народна Република Кина, рече Голикова.

Русија досега регистрираше два случаи на мистериозниот коронавирус. И двата случаи се потврдени кај двајца кинески државјани, кои се ставени во карантин и им пружена медицинска нега.

Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба на глобално ниво поради заразата.

СЗО прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво откако бројот на случаи на заболени од коронавирусот за една недела се зголеми за 10 пати.

Последните податоци покажуваат дека повеќе од 200 умреа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот