Русија негира дека користи сателити Старлинк

Старлинк сателити/ Фото: MARK GARLICK / Sciencephoto / Profimedia

Кремљ денеска соопшти дека сателитскиот интернет систем Старлинк на претприемачот Илон Маск ниту е сертифициран за употреба, ниту официјално е испорачан во Русија и затоа не може да се користи.

Украина, која го користи „Старлинк“ за воени комуникации во нејзиниот конфликт со Русија, вчера соопшти дека руските трупи го користат системот во областите на Украина под нивна контрола.

– Тоа не е сертифициран систем кај нас. Затоа, не може официјално да се достави тука. Затоа, не може официјално да се користи на кој било начин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во коментар на социјалната мрежа X, Илон Маск рече дека според неговите сознанија „никакви ’Старлинк‘ не се продадени директно или индиректно на Русија“.

„Голем број извештаи за лажни вести тврдат дека SpaceX и продава терминали на Starlink на Русија. Ова е категорично неточно“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот