
Русија е сериозна закана?
Началникот на генералштабот на армијата на Велика Британија, генерал Николас Картер предупреди дека Русија е „сериозна закана“ за Британија.
Препорачано

За време на својот говор во Центарот за нова американска безбедност, Картер предупреди дека по распадот на биполарниот светски систем, дојдена е ерата на униполарниот свет, кога фокусот на вниманието беше префрлен на борбата против тероризмот.

Меѓутоа, сега доаѓа времето на мултиполарност и „време на постојана конкуренција“, посочи генералот.
– Тука би ја споменал Русија, која од наша гледна точка претставува сериозна закана и Кина, што е хроничен системски предизвик за нас“, рече Картер.
Тој ги посочи настојувањата на Москва да развива и произведува нови руски подморници, што го принудува Лондон да реагира на новите закани.
– Северниот Атлантик е регион со кој треба сериозно да се справиме, земајќи ги предвид руските подморници. „Нема сомнение дека треба да ја следиме политиката на воздржаност“, нагласи генералот.
Во март беше објавена нова одбранбена стратегија во Велика Британија, во која Русија беше идентификувана како голема закана.
– Русија е најголемата закана… Велика Британија активно ќе реагира и ќе се брани од целиот спектар на закани што доаѓаат од Русија, се наведува во извештајот направен од новата британска одбранбена стратегија.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на почетокот на март изјави дека нивото на односите меѓу Москва и Лондон е на точка на замрзнување.

Лавров потсети дека во изминатите години британската влада одржуваше остар антируски курс, придружен со постојано зголемување на притисокот на санкциите воведени против Русија.