
Руни: Сите седиме и чекаме Јунајтед да се распадне
Тешки зборови од клупската легенда.
Препорачано
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, во подкаст на Би-Би-Си зборуваше за состојбата во клубот и призна дека веќе не го препознава клубот во кој мина 13 години.
„Едноставно не знам што се случува. Пробав да бидам тренер, не ми одеше. Рубен Аморим е моја генерација, млад менаџер со голема иднина. Но, тоа што се случува во Манчестер јунајтед… ова не е Манчестер јунајтед. Искрено се надевам дека работите може да се свртат, но ако ме прашате дали верувам во тоа – после сè што видов – искрено, немам доверба“, рече Руни.
Англискиот клуб последен пат ја освоил титулата пред 12 години, кога токму Руни го носеше дресот на „Олд Трафорд“.
„Менџер, играчи, што и да е. Потребна е јасна порака од сопствениците – било да се тоа Глејзер или Џим Ретклиф. Мора да има насока. Во моментов сите седиме и чекаме клубот да се распадне.“
Руни додаде дека културата на клубот исчезнала:
„Секојдневно гледам – вработени кои биле таму 20, 30 години добиваат отказ. Тоа се луѓе кои беа душата на клубот. Имам две деца во академијата и се надевам ова нема да влијае врз нив. Манчестер јунајтед изгуби душа. Му треба нов мотор, нов замав, нешто што ќе го поттикне.“
Легендата на клубот вели дека недостига карактер и желба за победа:
„Не гледам борба, не гледам карактер. Одиме на натпревари, очекуваме нешто, а мислиме – ќе изгубат или со среќа ќе освојат бод. Не се работи само за резултатите. Сè поврзано со клубот мора да се поправи. Џим Ретклиф и Инеос се соочуваат со вистински предизвик.“
Ретклиф преку својата компанија Инеос во февруари 2024 купи 27,7% од акциите на Манчестер јунајтед за околу 1,25 милијарди фунти. Семејството Глејзер и понатаму го поседува мнозинскиот пакет.