фото: ФК Академија Пандев

Руфати и Врдољак се првите зимски засилувања за Академија Пандев

Фудбалскиот клуб Академија Пандев ги промовираше првите две засилувања во текот на зимскиот преоден рок, Агрон Руфати и Марио Врдољак.

Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија).

Во својата кариера има настапувано и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).

Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска, хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во Академија Клинчени.

Во својата интернационална кариера настапуваше за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот